Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
13.11.2015 10:39
Владина делегација, од Градот Скопје и од политичките партии, ќе положат свежо цвеќе на партизанските гробишта, пред споменикот на Генерал Михајло Апостолски во Бутел, и пред спомен обележјето на Ослободителите на Скопје...

Скопје го одбележува 13-ти ноември, Денот на ослободувањето. Владина делегација, од Градот Скопје и од политичките партии, ќе положат свежо цвеќе на партизанските гробишта, пред споменикот на Генерал Михајло Апостолски во Бутел, и пред спомен обележјето на Ослободителите на Скопје.
Вечер во Македонската опера и балет свечено ќе биде врачена наградата 13-ти ноември, на истакнати личности од земјава, а ќе бидат одржани и низа културни манифестации.
