Петто рочиште за случајот „Пуч“

13.11.2015 10:09

Одбраната на Заев бара судењата да бидат одложени на подолг рок, со образложение дека има политички договор случајот да го преземе Специјалниот јавен обвинител...

Во скопскиот Кривичен суд, петто рочиште за случајот „Пуч“. На досегашни четири, еден од обвинетите, Зоран Заев, не се појавуваше во судот.

Одбраната на Заев бара судењата да бидат одложени на подолг рок, со образложение дека има политички договор случајот да го преземе Специјалниот јавен обвинител.

Претседателот на СДСМ изјави дека не го почитува судот и дека нема да доаѓа на рочиштата.

Во „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери се екс разузнавачот Верушевски, неговата сопруга, Зоран Заев, службеник во општина Струмица и вработен во МВР.