МВР: За 24 часа издадени 2.897 потврди за азил

13.11.2015 11:59

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.351, Авганистан-798, Ирак-307, додека другите се во помал број...

Во последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.897 странски државјани, од кои 1.531 се од машки пол, 481 се од женски, 634 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопштија од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.351, Авганистан-798, Ирак-307, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 241.649 странски државјани, од кои, 143.622 се од машки пол, 36.333 се од женски, 49.244 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12.450 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија-151.515, потоа Авганистан-52.255, Ирак-19.218, Пакистан-4.947, Иран-4.999, Палестина-2.011, Сомалија-1.233, Бангладеш-1.112, Мароко-798, Конго-510,  Алжир-378, Либан-409, Нигерија-273, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.