Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“

13.11.2015 12:52

Судијката Љубинка Башевска рече дека ако Заев не се појави на суд ќе мора да нареди негово стражарно приведување...

Во скопскиот Кривичен суд, уште едно, петто одложување на рочиштето за случајот „Пуч“. Причина- повторно непојавувањето на четвртообвинетиот Зоран Заев.

Образложението на неговата одбрана беше дека имал меѓународни активности и приложија копија од авионскиот билет.

Судијката Љубинка Башевска рече дека ако Заев не се појави на суд ќе мора да нареди негово стражарно приведување.

Во „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери се обвинети и екс разузнавачот Верушевски, неговата сопруга, службеник во Општина Струмица и вработен во МВР.