Ограбена бензинска во Дељадровце
13.11.2015 13:43
Крадците одзеле околу 9.000 денари по што го напуштиле местото на настанот...

Три непознати маскирани лица вооружени со огнено оружје изутрината околу 3:50 часот извршиле разбојништво над вработен на бензинската пумпа „Макпетрол“ во скопското село Дељадровце.
Крадците одзеле околу 9.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
