Министерот Спасовски со одлука за престанок на пренесените овластувања

13.11.2015 12:50

Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат да важат сите пренесени овластувања од претходните министри...

Само 24 часа од поставувањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат да важат сите пренесени овластувања од претходните министри.

Извори од министерството велат дека со ова целосно се парализира работењето на МВР, и додавааат дека е во спротивност со Законот за владата, усогласен на средбите во Клубот на пратениците.

Преку социјалните мрежи се огласи и поранешната министерка за внатрешни Јанкулоска. Со ваквата одлука се доведени во прашање функциите на државата, напиша на Твитер, Јанкулоска.

Со соопштение се огласи СДСМ. Нема никаков хаос во министерството за внатрешни работи, туку воведување ред и обезбедување целосно почитување на законите, транспарентно и одговорно работење на Министерството, во интерес на граѓаните, стои во дописот до медиумите.