„Три дена во септември“ го отвори „Синедејс“
„Три дена во септември“ е новиот македонски филм кој вчеравечер го отвори фестивалот на европски филмови „Синедејс“. Снимен во убавите предели на Македонија, во главните улоги настапуваат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски...

Судбините на две жени се испреплетуваат кога ќе се сретнат во воз. На прв поглед немаат ништо заедничко, но запознавајќи се тие ги откриваат своите тајни и трауми. „Три дена во септември“ е новиот македонски филм кој вчеравечер го отвори фестивалот на европски филмови „Синедејс“. Снимен во убавите предели на Македонија, во главните улоги настапуваат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски.
Режисерот Пејовски е задоволен од позитивните реакции по премиерата. Според продуцентот Салковски, публиката е заситена од војни, страдање, транзиција и депресија во балканската кинематографија.
За филмот „Три дена во септември“ има интерес на маркетот во Кан, а од светската премиера која беше на 2-ри септември на фестивалот во Монтреал, досега е избран во неколку официјални селекции. Беше прикажан на фестивалите во Чикаго и Котбус, а следуваат Братислава и Едрене.
Александера Перевска
