Нова телеграма од Спасовски за овластувањата во МВР

13.11.2015 14:52

Извори од министерството велат дека со ова целосно се парализира работењето на МВР, и додавааат дека е во спротивност со Законот за владата, усогласен на средбите во Клубот на пратениците...

Новоименуваниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат да важат сите пренесени овластувања од претходните министри.

Извори од министерството велат дека со ова целосно се парализира работењето на МВР, и додавааат дека е во спротивност со Законот за владата, усогласен на средбите во Клубот на пратениците.

Во денешната нова телеграма, министерот Спасовски вели дека претходната се однесувала на сите пренесени овластувања, освен за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник, и за ракување со печати и штембили, што ќе важат до донесувањето на нови решенија за пренесување на предметните овластувања.