Напредни ИТ вештини: Со преквалификација полесно до работа

13.11.2015 15:42

Сите заинтерсирани можат да бидат дел од обуките на „Семос едукација“ за која треба само да аплициаат во некој од Центрите за вработување. Половина од кандидатите ќе научат да работат во ЈАВА програмата, преостанатите ќе бидат програмери за МИКРОСОФТ...

220 невработени имаат можност да се преквалификуваат и да се вработат како ИТ- програмери. Сите заинтерсирани можат да бидат дел од  обуките на „Семос едукација“ за која треба само да аплициаат во некој од Центрите за вработување. Половина од кандидатите ќе научат да работат во ЈАВА програмата, преостанатите ќе бидат програмери за МИКРОСОФТ.

„60 проценти од слушателите кои завршија минатата година веќе работат. Додека траеше проектот минатата година, доста од нив успешно се вработија. Апелирам до невработените лица да одат до АВРМ да се пријават за оваа мерка за напредни ИТ вештини, со цел да ги најдеме соодветните лица, да ги преквалификуваме и да ги вработиме“, вели Ирена Ивановска, менаџер на проектот.

Учителот за ЈАВА програмирање вели дека возраста не е пречка, меѓу неговите ученици иамло и 50 годишници. Курсот е приспособен за сите кандидати, во ИТ -секторот ги водеуваат чекор по чекор, пожелно е само кандидатите да го знаат аглискиот.

„Мислам дека има недостиг на кадри, и јас самиот сум дел од тој пазар, вработен сум во фирма како прогрмер и секојдневно се среќавам со недостаток од ресурси, за програмирање и за тестирање. Глобално земено, целиот ИТ сектор има недостаток од луѓе“, вели Стојан Пешов, предавач.

Повеќегодишното искуство на Семос едукација покажува дека повеќе од половина нивни кандидати успеале да се вработат.

 

Наташа Јанчиќ