Вардарови искушенија во Барселона и во Ѓер
Утрешната двојна вардарова програма на МРТ1 ќе ја почнат дамите со дуелот против Ѓер во 16.30, а ќе ја комплетираат ракометарите против Барселона во 19.30...

Кога би се почитувале историјата и традицијата, ракометарите на Вардар не би имале шанси против Барселона, но македонскиот првак сезонава игра на повисоко нииво и затоа е прв во груапата Б со бод повеќе од каталонците. Барса е рекордер со девет трофеи, во елитното натпреварување во Блауграна нема пораз 30 натпревари, додека против вардарци славеше на седум од осумте меѓусебни дуели. Црвено – црните освоија само бод пред две години во Скопје. Но, ниту Барса не е иста како минатата сезона кога покрај Кире Лазаров беше предводена и од Никола Карабатиќ, а и Вардар е поискусен и поквалитетен, Шпанците загубија од Рајн Некар, а одиграа нерешенос Кјелце, додека Вардар единствено беше поразен од Копенхаген.
Ракометарките на Вардар, пак, по стартниот домашен пораз од Ѓер влегоа во ритам, славеа против Хипо и двапати го декласираа Митјиланд, обезбедија втора фаза и сега собираат што повеќе бодови. Ѓер во Скопје делуваше убедливо, но во меѓувреме дома загуби од Митјиланд, па пресметката во Унгарија ветува инетересен и врвен ракомет. Вардарки минатата сезона токму таму со реми во четвртфиналето обезбедија фајнал - фор.
Утрешната двојна вардарова програма на МРТ1 ќе ја почнат дамите со дуелот против Ѓер во 16.30, а ќе ја комплетираат ракометарите против Барселона во 19.30. Специјалните емисии и пред двата преноса ќе почнат по половина час порано.
