Тутун: Мострите се изработени, откупот може да почне
Кандидатите кои го поминаа првиот, идната недела ќе го полагаат вториот дел од испитот за добивање лиценци за процена на тутунот. Со тоа ќе можат да бидат присутни на секоја откупна вага...

На 27 ноември ќе се полага вториот практичен дел од испитот за добивање лиценци за проценка на тутунот. Годинава имаше 38 нови кандидати кои ги исполнуваат условите, а за откупот на вагите ќе работат вкупно 434 лиценцирани проценители.
Според Законот, на секоја вага мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и од тутунското здружение.
Комисијата ги изработи мострите и од денеска откупувачите ќе можат да ги подигнат од Министерството за земјоделство, а монополите доколку се подготвени ќе можат да ги отворат вратите за преземање на родот.
Годинава се очекува производство од скоро 25.000 тони суров тутун што е приближно на ланското ниво.
Методија Трајков