Собранието треба да одобри оглас за нови членови на ДИК
16.11.2015 10:30
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата, и тројца експерти...

Собранието денеска на пленарна седница ќе расправа по предлог одлуката за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата, и тројца експерти.
Денеска на пленарна седница ќе биде разгледан и предлог-буџетот за 2016-та.