Јолевски во работна посета на САД

16.11.2015 10:33

Јолевски ќе има средба и со заменик помошникот на одбраната на САД, Лаура Грос...

Министерот за одбрана Јолевски од денеска е во неколкудневна посета на Соединетите американски држави и Канада, каде што ќе оствари голем број средби со сенатори и конгресмени.

Јолевски ќе има средба и со заменик помошникот на одбраната на САД, Лаура Грос.

Министерот за одбрана во Канада ќе учествува на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс на кој ќе учествуваат министри од повеќе земји.