Преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори завршија без договор

16.11.2015 10:35

Двете страни не успеале да најдат заедничко решение за банкарските кредити...

По седумнаесет часа, без договор завршија преговорите меѓу грција и меѓународните кредитори. Двете страни не успеале да најдат заедничко решение за банкарските кредити.

Се очекува консултациите да продолжат во текот на денот. Минатиот понеделник министрите за финансии од Еврозоната на средба во Брисел соопштија дека очекуваат најдоцна на почетокот на оваа недела компромис за одобрувањето  на траншата од 12 милијарди евра помош за Грција.