Награди за најиновативните проекти за регионален развој
Центрите имаа можност да аплицираат на јавниот повик со проекти имплементирани во периодот од 2009 до 2014 година, финансирани со средства од буџетот, во рамките на буџетските програми за рамномерен регионален развој...

Министерството за локална самоуправа денеска ќе ги додели наградите на најиновативните проекти за регионален развој кои се доставени од осумте центри за развој на планските региони.
Центрите имаа можност да аплицираат на јавниот повик со проекти имплементирани во периодот од 2009 до 2014 година, финансирани со средства од буџетот, во рамките на буџетските програми за рамномерен регионален развој.
Проектот годинава се реализира во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за соработка и развој.
