Мајка си го фрли 6-годишниот син од тераса во Хиподом, па скокнала и таа

16.11.2015 11:34

Според полициски информации, жената откако го фрлила детето и самата скокнала од зградата. И таа и нејзиното дете веднаш се префрлени во болница и се во тешка состојба...

Шест годишно дете е во тешка состојба откако неговата мајка, утрово околу 9 часот го фрлила од четвртиот спрат на зграда во близина на градинката во скопски Хипдром.

Според полициски информации, жената откако го фрлила детето и самата скокнала од зградата. И таа и нејзиното дете веднаш се префрлени во болница и се во тешка состојба.

Очевидци велат дека падот на детето го ублажиле жици за сушење алишта како и некој сосед кој се нашол на местото на настанот, пренесуваат повеќе интернет портали.

Полициски екипи во моментот вршат увид. Повеќе информации во текот на денот.