Клиниката за дигестивна хирургија продолжува со редовна работа

16.11.2015 12:44

Од таму велат во наредниве денови ќе продолжат координациите со Министерството за здравство за реорганизација за обезбедувањето на објектот...

Универзитетската клиника за дигестивна хирургија од денска продолжува со редовните активност.

Од таму велат во наредниве денови ќе продолжат координациите со Министерството за здравство за реорганизација за обезбедувањето на објектот и засилување на дежурните служби за итната патологија.

До донесување прецизни мерки за постапките за реализација на овој план, Клиниката ќе функционира со редовна работа.