Париз: Идентификувани уште двајца бомбаши, уапсени 23-ца

16.11.2015 12:53

Француската полиција идентификуваше уште двајца од напаѓачите самоубијци, кои го извршија масакрот во петокот вечерта, соопшти париското Јавно обвинителство. За едниот била издадена меѓународна потерница за апсење. Полицијата од изутрината уапси 23-ца за кои постои сомнение дека се поврзани со нападите, а во нивните домови било најдено оружје, минофрлачи и панцири. Повеќе од 100 луѓе се во домашен притвор...

Во моментов, точно напладне Франција запре, одекнаа сирените и камбаните за да им оддатат почит на жртвите од терористичките напади во ноќта на 13-ти ноември. Јавниот обвинител од Париз соопшти дека се идентификувани уште двајца од камиказите, обвинети за терористичките напади.

За еден од нив Сами Амимур, бил издаден меѓународен налог за апсење, откако не ја почитувал судската контрола во 2013 година. Ова лице е родено во 1987 во Париз и во октомври 2012 е обвинето за здружување во злосторничка група, досие поврзано со тероризмот. Истото тоа лице учествувало во нападот во концертната сала Батаклан. Другиот идентификуван терорист е камиказот од Стад де Франс. Со ова, се идентификувани 5 од 7 камикази.

Тројца членови на семејството на еден од терористите од Батаклан се притворени изутринава. Истоврeмено седуммина други се затворени во Белгија. Меѓу седумтемина терористи тројца се француски државјани, а ситовремено продолжува потрагата по Абеслам Салах, кој беше конторлиран од француската полиција веднаш по атентатите на северот од Франција, но тогаш не се знаеше неговата вмешаност во нив.

Јавниот обвинител исто така соопшти дека постои совпаѓање меѓу отпечатоците на прстите на камиказата од Стад де Франс, кој беше идентификуван, со отпечатоците направени при контролата во Грција во октомври.

Но, истовремено не е утврдено, дали неговиот сириски пасош пронајден на местото на атенататот е фалсификуван или со лажни податоци. Сранува збор за 25 гоишниот Ахмад Ал Мохамад, чија трага се губи во Хрватска, откако преминал низ Македонија и Србија.

Берлин од своја страна предупредува на внимателност со сирискиот пасош, кој може да биде нова мамка фрлена од Исламската држава за да ја радиказилизира дебатата за бегалците во Европа.

Во акцијата на полицијата во текот на ноќта и рано изутринава спроведена во повеќе квартови во Лил, Стразбур, Лион, Гренобл, Марсеј или Тулуз, вкупно 60 претреси, биле запленети 15 револвери, 8 воени оружја, 1 рачен фрлач на ракет, детонатори, рачни гранати и заштитни елеци.

Во тешките воздушни напади, кои ги изведе француската авијација доцна синоќа како одговор со воен чин, на нападот од „ДАЕШ“, беа вклучени 12 авиони од кои десет бомбардери, тие погодиле  две кампови за обука на исламската држава и објекти кои се смета дека се складиште за оружје во  Рака во Сирија и околу него, соопшти денескасириската опсерваторија за човекови права невладина организација со седиште во Лондон.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека во наредните денови се очекуваат нови терористички акции.

„Ова го кажувам не за да ги заплашам граѓаните туку за да бидат во тек со развојот на настаните“, изјави Валс утрово. Тој исто така напомена дека постојат информации за подготовки на терористички напади не само во Франција туку и во други европски држави. Францускиот премиер рече дека терористичкиот напад бил планиран и организиран во Сирија.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денес учествува на Форумот на државниците, организиран по повод 70-годишнината на УНЕСКО, посветен на човековите права и достојност и против екстремното насилство, ова по терористичките напади во Париз.

Во текот на два дена, 10 светски државници, меѓу кои и пртседателот на Франција, Франсоа Оланд, ќе учествуваат и говорот на Форумот на државниците на УНЕСКО. Манифестација која не беше одложена и покрај терористичките закани.

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ