Во Брисел уапсен креаторот на терористичките напади во Париз
Нови апсења по терористичките напади во Париз. Во Брисел е уапсен креаторот на терористичките напади во Париз, 26- годишниот Салех Абдесалам кој се криел во предградието Моленбек...

Во 11 часот утинава уапсено е уште едно лице во муслиманската населбата позната како срцето на верскиот екстремизам, Моленбек во Брисел, со што вкупната бројка на приведени во акцијата на специјалните полициски сили изминативе три дена се зголеми на 8 луѓе.
Инаку вчера беше уапсен Салах Абдеслам, брат на бомбашот самоубиец во Батаклан во Париз, додека пак третиот брат сеуште е во бегство. Во моментов, во Моленбек се одвиваат две одделни антитеросристицки акции. Во едната се врши претрес на становите во зградите, додека пак во другата која е во непосредна близина со специјална опрема се пребаруваат возилата поради закана од подметната бомба.
Според жителите на оваа општина која се смета за бастион на исламсите фундамендалисти, кои од разбирливи причини не сакаа да зборат пред камера, утринава се слушнати 4 детонации, но од министерството за внатрешни работи сеуште нема официјална потврда дали станува збор за експлозија на бомба, или пак е дел од полициската акција.
Инаку по терористичките напади во Париз во петокот, белгиската влада донесе итна одлука за подигање на нивото на безбедност на највиско ниво, при што веднаш беше зајакната контролата на границите.
Сепак според информациите од надлежните институции, првата серија апсења во Брисел, била практично разбивање на мрежата на т.н. втор оперативен тим на терористите.
Поради безбедност затворени се сите пристапи до европските институции.
Екипата на МТВ останува на терен со нови информации во следното информативно издание.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
