МАНУ: Заменете ја омразата со толеранција
Во фокусот на дебатата насловена како „Мултикултурализмот и толеранцијата – миграциите и предизвиците на социјалната интеграција“, беше терористичкиот напад во Париз и последиците од него...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и мисијата на ОБСЕ по четврти пат го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата.
Во фокусот на дебатата насловена како „Мултикултурализмот и толеранцијата – миграциите и предизвиците на социјалната интеграција“, беше терористичкиот напад во Париз и последиците од него.
Говорниците со став дека светската јавност треба да се избори тероризмот да не и се испречи на хуманоста. Излегоа со апел по последниот крвав чин на омраза, кој треба да се разбере како силен поттик за сузбивање на омразата меѓу народите и човештвото.