Хан: Да се разликува миграцијата од тероризмот
Додека еврокомесарот Хан смета дека бегалците не треба да се поистоветуваат со терористите, гувернерот на американската држава Алабама, се спротивстави на програмата на САД за прием на бегалци и забрани нивен влез во неговата земја...

Спротивставени ставови на политичарите за бегалската криза и тероризмот. Додека еврокомесарот Хан смета дека бегалците не треба да се поистоветуваат со терористите, гувернерот на американската држава Алабама, се спротивстави на програмата на САД за прием на бегалци и забрани нивен влез во неговата земја.
„Ова е напад врз Париз, Франција, но и врз Европа. Ова е напад врз начинот на нашето живеење. Многу е важно овде да се нагласи дека не би требало, не би требало да го мешаме овој терористички напад со сегашниот миграциски и бегалски проблем. Ова се две различни работи. И сега предупредив дека ние почнуваме да не ги разликуваме. И треба да бидеме силни кога возвраќаме и го браниме европскиот начин на живеење воопшто“, изјави еврокомесарот Хан.
