Одложена расправата за Анкетната комисија за прислушувањето

16.11.2015 13:27

Причина како што објасни претседателот Илиоски, недоставувањето на предлозите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА...

На Комисијата за избори и наименувања, одложена расправата по предлог-одлуката за персоналниот состав на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Причина како што објасни претседателот Илиоски, недоставувањето на предлозите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА.

Според Договорот од Пржино и меѓу 4-те најголеми политички партии, претседател и заменик ќе бидат од опозицискиот СДСМ. Анкетната комисија треба да брои 16 членови.