Едногласно донесена одлуката за распишување оглас за нови членови на ДИК
16.11.2015 13:30
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата и тројца експерти...

На пленарната собраниска седница утврдена одлуката за распишување јавен оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата и тројца експерти.
Огласот трае 7 дена. Одлуката беше донесена едногласно.