Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

16.11.2015 13:34

Новата цена за литар Еуросупер БС 95 ќе биде 62,5 денари, а на Еуросупер БС 98- 64,5 денари. Евродизелот ќе се продава по досегашната цена од 49,5 денари за литар...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да поскапат бензините за половина денар, додека цената на дизелот не се менува.

Новата цена за литар Еуросупер БС 95 ќе биде 62,5 денари, а на Еуросупер БС 98- 64,5 денари. Евродизелот ќе се продава по досегашната цена од 49,5 денари за литар.

За полвина денар поскапува и екстралесното гориво, а мазутот поевтинува за 0,526 деанри за килограм.