Оглас за реконструкција на блок А од домот Гоце Делчев
16.11.2015 13:52
Рокот за поднесување на понудите од компаниите ќе трае до седми декември, кога ќе се изврши и јавното отворање на сите пристигнати понуди...

Ќе се реконструира и блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Министерството за образование објави оглас за избор на Компанија изведувач на проектот. Рокот за поднесување на понудите од компаниите ќе трае до седми декември, кога ќе се изврши и јавното отворање на сите пристигнати понуди.
Инаку денес почнува и втора фаза од процесот на реконструкција на најголемиот студентски дом, која се реализира етапно.
Од Министерството за образование информираат дека заврши реконструкцијата на блокот Б. Во тек е носењето на новиот инвентар, а до овој момент целосно опремени и вселени се две третини од објектот.
