Бан Ки-Мун во посета на Северна Кореја

16.11.2015 13:57

Северна Кореја е предмет на тешки санкции на ОН, САД и Европската унија поради нејзината нуклеарна програма...

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун неделава ќе ја посети Северна Кореја при што се очекува да оствари средба со лидерот Ким Јонг Ун. Северна Кореја е предмет на тешки санкции на ОН, САД и Европската унија поради нејзината нуклеарна програма.

Генералното собрание  во декември минатата година го повика Советот за безбедност да ја изведе Северна Кореја пред Меѓународниот кривичен суд по истрагата на ОН, која откри дека во таа земја се вршат злоупотреби на правата на луѓето, еднакви на ѕверствата од нацистичко време.