Асани: Новите возови ќе сообраќаат по безбедни пруги

16.11.2015 15:00

Според Асани вчерашното соопштение на СДСМ е политичко, а не професионално...

Пред само четири години имавме делници каде што возовите одеа побавно и од човекот, но тоа е минато. Новите возови ќе сообраќаат по безбедни пруги, вели директорот на МЖ Инфаструктура.

Според Асани вчерашното соопштение на СДСМ е политичко, а не професионално.

Сведоци сме дека последните години се реконструирани 55 километри пруга на Коридор 10, а се реконструираа 30 – 40 црни точки. 20 години пругите беа заборавени, но ние ги санираме, модернизираме и градиме нови, изјави Асани.