Иванов во Париз: УНЕСКО ни е потребен повеќе од кога било
Трагедијата во Париз не потсети колку и ние во Европа сме ранливи на глобалниот непоредок, рече претседателот Ѓорге Иванов на лидерскиот форум што се одржува по повод 70 години од основањето на организацијата...

Повеќе од кога и да е порано, на светот денес му е потребно УНЕСКО. Трагедијата во Париз не потсети колку и ние во Европа сме ранливи на глобалниот непоредок, рече претседателот Ѓорге Иванов на лидерскиот форум што се одржува по повод 70 години од основањето на организацијата.
„Но, токму затоа што е тешко, ние мора да зборуваме за овие нешта, бидејќи тие се дел од нашиот одговор на терористите. Пред два дена, тука, во Париз, не беше нападната само Француската Република, туку целиот цивилизиран свет. Денес, нашиот цивилизиран свет преку УНЕСКО дава дел од својот одговор. Нема да им дозволиме на терористите да ни ги одземат мирот, слободата и правдата“, изјави претседателот Иванов.
Според шефот на македонската држава, лекот против религиозното насилство не може да се бара во религијата, туку во меѓурелигискиот дијалог, и дека во Европа и Светот нетрпеливоста и расизмот се многукратно зголемени.. Најави дека Македонија ќе организира уште една светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.
„Како и досега во сите наши напори ќе се водиме од увереноста дека дијалогот меѓу различните религии и светогледи завршува онаму каде што започнува нивната различност. Целта на дијалогот не е и не смее да биде надминување, туку почитување и прифаќање на различноста“, нагаси Иванов.
Ние различноста не ја сфаќаме како закана, туку како потенцијален извор за збогатување на нашата култура и идентитет, заклучи македонскиот претседател. Во рамки на работната посета на Франција, Иванов на свечена церемонија за јубилејот на УНЕСКО и на средба со генералниот директор, Ирина Бокова.
Александра Перевска
