Водата во Струга забранета за пиење

16.11.2015 15:38

Денешните испитувања што редовно ги спроведува Центарот за јавно здравје од Охрид покажаа дека водата не е третирана со хлор што е законска обврска и што е услов за нејзина безбедност...

Стружани повторно не смеат да ја пијат водата од градскиот водовод. Денешните испитувања што редовно ги спроведува Центарот за јавно здравје од Охрид покажаа дека водата не е третирана со хлор што е законска обврска и што е услов за нејзина безбедност.

Уште поалармантна е состојбата со водата во струшките села Франгово и Октиси каде покрај тоа што не се хлорира, анализите утврдиле присуство на патогени микроорганизми, ешерихија коли и ентерококи.