Тероризмот да не му се испречи на човештвото
Последниот крвав чин на омраза да се разбере како силен поттик за сузбивање на омразата меѓу народите и човештвото. Со ваков апел излегоа денеска од МАНУ на одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата. Говорниците со став дека светската јавност треба да се избори тероризмот да не и се испречи на хуманоста...

Светската јавност час поскоро да се избори, тероризмот да не му се испречи на човештвото. Последниот крвав чин на омраза во Париз да биде силен поттик за спречување на омразата меѓу народите. Ова беа пораките од конференцијата посветена на мултикултурализмот. Беше побарано итно решавање на бегалската криза.
Првиот човек на МАНУ, Камбовски посочи дека на продорот на мигрантите преку балканската рута до Европа, тамошните власти одговориле со анахронизам како што е подигнување на границите.
Во Париз беа погазени основните човекови права и хумани вредности. Тоа беше атак врз сите нас независно на етничката или верска припадност, рече замничката на шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Берец.
Балканските народи се сеќаваат на многу империи, поради страдањата доживеани од нив, се очекува да се потолерантни од другите, смета академик Љуан Старова.
Дебатата за мултикултурализмот во МАНУ годинава се одржува по четврти пат на Меѓународниот ден на тоелранцијата.
Фиљана Кока
