Новиот буџет пред Собранието, предвидени три пати повеќе финансии за капитални проекти

16.11.2015 16:52

Ставрески тврди- растот е показател за отпорноста на македонската економија, како и на исправноста на економските политики. Се очекува годинава да ја заокружиме со позитива од над 3 проценти...

Зголемување на пензиите и социјалната помош, повеќе пари за капитални инвестиции. Буџетот за 2016-та на пленарна седница пред пратениците. За креаторот на државната каса, Ставрески, економиските остварувања годинава претставуваат бидат добра основа, ќе се одржи умереното ниво на задолженост, стабилност на цените и на банкарскиот сектор, невработеноста ќе продолжи да се намалува.

Ставрески тврди- растот е показател за отпорноста на македонската економија, како и на исправноста на економските политики. Се очекува годинава да ја заокружиме со позитива од над 3 проценти.

Двигател на растот годинава, како и претходните години, беа инвестициите и извозот, вели Ставрески. Кај приватните инвестиции, најголем е придонесот на странските компании, како и инвестициите од домашниот приватен сектор. Извозот во првите девет месеци забележа раст од 8,9 проценти.

За опозициската СДСМ, пак, предлог - буџетот е нереален.

Позитивните движења во економија, нагласи Ставрески, се одразија и на стапката на невработеност. Во однос на странските директни инвестиции, очекувањата се дека ќе продолжи трендот на раст.

Ставрески очекува во 2016- тата повисок степен на политичка стабилност што ќе овозможи подобар амбиент за стопанството. За следната година се предвидува реалниот раст да достигне 4 проценти и би бил еден од повисоките резултати во Европа.

Според предлогот, вкупните расходи се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а кај вкупните приходи има  зголемување за 6 проценти. Капиталните расходи се за 12,9 проценти повисоки од годинашаните.

 

Дијана Ценевска