Четирите партии се договорија за составот на Анкетната комисија за прислушувањето
Персоналниот состав попладнево треба да го утврди и одлуката да ја достави до Собранието. Првиот обид беше неуспешен...

Комплетирани предлозите од 4-те најголеми политички партии за составот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Персоналниот состав попладнево треба да го утврди и одлуката да ја достави до Собранието. Првиот обид беше неуспешен.
Како што објасни претседателот на комисија Илиоски, причината за одложувањето недоставувањето предлози за членови од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Од опозицијата со забелешка дека Анкетната е договор од Пржино и дека власта се обидува како што рече Мисовски, на секој начин да одолговлекува.
Според Џеват Адеми од ДУИ нема задкулисни игри, ниту пак купување време. Договорот ќе се испочитува и анкетната ќе се формира.
Од собраниската говорница СДСМ побара дополнување на дневниот ред со точка за анкетната. Спикерот Вељаноски појасни дека на координацијата со шефовите на пратеничките групи било договорено предлозите да бидат комплетирани денеска.
Анкетната комисија ќе има 16 члена. Претседателот и заменикот ќе бидат од СДСМ. Од партијата ќе има и двајца членови. ВМРО-ДПМНЕ номинира 8 члена,ДУИ 2, ДПА 1, ќе има и еден независен. Формирањето на комисијата беше утврдено на собраниската седница во понеделникот како дел од пакетот-закони, според договорот од Пржино.
Милчо Велески
