Серија аспења по терористичките напади во Париз

16.11.2015 17:06

Уапсен е уште еден Белгиец, за кој полицијата се сомнева дека е вмешан во терористичкиот напад во Париз. Првата серија апсења во Брисел била разбивање на мрежата на терористите. Поради безбедност, затворени се сите пристапи кон европските институции, а белгиската влада го подигна нивото на безбедност...

Во 11 часот утинава уапсено е уште едно лице во муслиманската населбата позната како срцето на верскиот екстремизам, Моленбек во Брисел, со што вкупната бројка на приведени во акцијата на специјалните полициски сили изминативе три дена се зголеми на 8 луѓе.

Спред сеуште официјално непотврдени информации, утринава на слобода е пуштен, вчера  уапсениот Салах Абдеслам, брат на бомбашот самоубиец во Батаклан во Париз, додека пак третиот брат сеуште е во бегство. Белгиското државно обвинителство информираше дека мерката притвор на уапсените ја одреди за до крајот на денов.

Речиси цел ден во Моленбек се одвиваат две одделни антитеросристички акции. Во едната се врши претрес на становите во зградите, додека пак во другата која е во непосредна близина со специјална опрема се пребаруваат возилата поради закана од подметната бомба. Пред еден час полициските сили успеаа преку покривот на влезат во зградата, во која постојат индикации дека се наоѓаат уште членови на терористичката ќелија.

Според жителите на оваа општина, која се смета за бастион на исламистичките фундамендалисти, кои од разбирливи причини не сакаа да зборат пред камера, утринава се слушнати 4 детонации, но од Министерството за внатрешни работи сеуште нема официјална потврда дали станува збор за експлозија на бомба, или пак е дел од полициската акција. Што се однесува до атмосферата во центарот на Европската унија, може да се каже само едно- улиците на Брисел се речиси празни, има слаба раздвиженост на сообраќај, се слушаат полициски сирени од сите страни.

Инаку по терористичките напади во Париз во петокот, белгиската Влада донесе итна одлука за подигање на нивото на безбедност на највиско ниво, при што веднаш беше зајакната контролата на границите.

Сепак, според информациите од надлезните институции, првата серија апсења во Брисел, била практицно разбивање на мрежата на т.н. втор оперативен тим на терористите. Поради безбедност затворени се сите пристапи до Европските институции.

Според Министерството за внатрешни работи, антитерористицките акции на федералните полициски сили во Брисел продолжуваат.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ