Надлежните на терен ги решаваат проблемите на жителите на Велешко
Изградба на улици, решавање на проблеми со водоснабдувањето, стипендии за спортската академија и мерки за подобрување на стандардот - во фокусот на средбите на премиерот со жителите на велешкиот регион...

Германската инвестиција „Маркарт“ во зоната Караслари обезбеди посветла иднина за над стотина семејства во Велес. Градоначалникот Чадиев и премиерот Никола Груевски најавија дека уште две други компании се интересирале да инвестираат во зоната.
Во Црквино, пуштен во употреба системот за наводнување. По барање на жителите, во втората половина на идната година ќе се направи пристапен пат. Наскоро ќе биде објавен и јавен повик за закуп на земјоделско земјиште.
Месната заедница во Башино село побара децата од спортската академија да добијат нова опрема и стипендии.
Во половината на идната година ќе стартува и изградба на мостот во Башино село.
Андријана Атанасовска
