Субвенции: Поголем износ на средства за набавка на трактори и механизација

17.11.2015 10:27

Владата издвои поголем износ на средства за набавка на трактори и механизација. Поради големиот интерес на земјоделците предходно предвидените 120 сега се зголемени на 285 милиони денари.

Владата обезбеди дополнителни средства за да им помогне на земјоделците кои аплицираа за ко - финансирање на набавка на трактори и механизација.

Од 1.640 апликанти досега беа одобрени 420 барања, односно 120 милиони денари за 200 трактори и 900 приклучни машини.

Со измените на Програмата за рурален развој се обезбедија дополнителни 160 милиони денари со што ќе  можат да се одобрат субвенции за уште 500 земјоделци.

Државата по извршената инвестиција на земјоделците ќе им исплати половина од цената на тракторот или  опремата.

 

Методија Трајков