Во Собранието се формира Анкетна комисија за прислушувањето

17.11.2015 10:36

Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник...

Пратениците денеска на пленарна седница треба да гласаат за одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкуваните аудио материјали. Формирањето на Комисијата е одобрено од надлежното собраниско тело за избори и именувања.

Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски.

Анкетната комисија се формира во согласност со политичкиот договор од јуни и јули годинава.