Почувствуван земјотрес во Македонија, епицентарот во Грција

17.11.2015 10:50

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макро-сеизмичка скала утрово беше почувствуван во повеќе градови во Македонија...

Силен земјотрес од 6,5 степени по Рихтер ја погоди Грција. Епицентарот бил во морето, на 15 километри од Лефкада, јужно од Крф, на длабочина од 5 километри.

Ударот најсилно бил почувствуван во Патрас, а во Атина бил со јачина од 5,9 рихтери.

Регистриран е и потрес во Охрид, кој ги вознемири жителите.

Засега нема извештаи за штети и за настрадани.