За речиси пет месеци издадени 253.369 потврди за азил

17.11.2015 11:03

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 156.530, потоа Авганистан- 55.585, Ирак- 20.564, Иран- 5.894...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.217 странски државјани, од кои 1.174 се од машки пол, 406 се од женски, 534 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 853, Авганистан- 624, Ирак- 323, додека другите се во помал број.

За речиси пет месеци издадени се потврди на вкупно 253.369 странски државјани, од кои, 149.859 се од машки пол, 38.340 се од женски, 51.994 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.175 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 156.530, потоа Авганистан- 55.585, Ирак- 20.564, Иран- 5.894, Пакистан- 5.303, Палестина- 2.122, Сомалија- 1.270, Бангладеш- 1.205, Мароко- 1.162, Конго- 514, Либан- 428, Алжир- 430, Нигерија- 275, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.