Пет милиони евра во ИПА фондовите за реконструкција на 11 железнички станици
Министерството за транспорт и врски има тесна соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија во насока на подобрување на железничката мрежа во земјата...

Од ИПА фондовите на ЕУ наменети за Република Македонија околу 5 милиони евра се наменети за реконструкција на 11 железнички станици долж Коридорот 10, вклучувајќи ги и оние во Скопје, Велес и Демир Капија, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски и делгацијата на ЕУ во земјава.
Министерството за транспорт и врски има тесна соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија во насока на подобрување на железничката мрежа во земјата, а со цел да се подобри мобилноста на граѓаните и материјалните добра по должината на Коридорот 10.
ЕУ е свесна за важноста на овие проекти, наменети пред се за доброто на граѓаните со оглед дека железничката мрежа е една од основите за целокупниот понатамошен развој на земјата. Коридорот 10, како дел од проширувањето на мрежата на Трансевропски транспортни коридори во Западен Балкан, е еден од приоритетите на ЕУ, стои во соопштението.
