Формирана Анкетната комисија за прислушкувањето
Брои 16 членови, осум на предлог од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник...

Пратениците ја изгласаа одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушувањето. Брои 16 членови, осум на предлог од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.
Претседател на комисијата е Петре Шилегов од СДСМ, а заменик Горан Мисовски од НСДП. Членови се Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.
Комисијата треба да подготви извештај до крајот на јануари, во согласност со Договорот од Пржино и со одлуката на четирите партии усогласена на последната лидерска средба.