Тунис: Спречен голем терористички напад
Осуетивме голем напад планиран од терористичките ќелии за овој месец, за уништување на клични инсталации, хотели безбедносни сили, против политичари, со цел да се создаде хаос во земјата, рекол министерот за внатрешни работи Рафик Чели...

Туниските власти уапсиле 17 исламистички милитанти организирани во ќелии и спречиле голем терористички напад на хотелите и на безбедносните сили планирани за овој месец, соопштил владин претставник на Тунис.
Осуетивме голем напад планиран од терористичките ќелии за овој месец, за уништување на клични инсталации, хотели безбедносни сили, против политичари, со цел да се создаде хаос во земјата, рекол министерот за внатрешни работи Рафик Чели.
Според неговите зборови, некои од милитантите се обучувани во Либија и во Сирија и чекале само повик за изведување на нападите. Министерството за внатрешни работи соопштило дека се уапсени седум жени, обвинети за ширење на пропаганда на Исламската држава во Тунис, каде што екстремистите презедоа одговорност за двата крвави напади со 60 жртви годинава.
Жените признале дека биле активни во медиумското крило на терористичката организација „Војници на калифатот“, преку интернет страници јавно искажувале радост по извршените терористички напади на ИД.
