„Мајсторот и Маргарита“ најавува нова фаза во МНТ

17.11.2015 14:42

Во Македонскиот народен театар во рамките на новата репертоарска програма привршуваат подготовките на мега спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски. Премиерата е закажана за 1-ви и 2-ри декември...

По успесите со претставата „Идиот“ во Загреб  и „Мртви души“ во Марибор, Иван Поповски по долги години работа во руските театри, ќе режира во Македонија. Претставата „Мајсторот и Маргарира“ според истоимениот роман на Михаил Булгаков, е голем и амбициозен проект. На македонската публика ќе и понуди нешто ново, еден поинаков пристап од оној кој досега сме го виделе во театрите низ земјава- најавуваат од МНТ. Оваа претстава ќе одбележи една нова фаза во Македонскиот народен театар.

„Мајсторот и Маргарита“ зборува за љубовта и светлоста. Нешто што треба да биде главна водилка на сите луѓе, велат актерите. Магијата од романот на Булгаков, во целост ќе биде претставена на сцената.

Големиот компактен и мотивиран актерски ансамбл и високите технички можности на сцената на Македонскиот народен театар, ветуваат претставата да стане вистински хит. Романот на Булгаков на македонски бил преведен пред 40 години.

 

Александра Перевска