Продолжува расправата за предлог буџетот за 2016-та

17.11.2015 14:51

Според предлогот, растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти...

Собранието на Македонија  ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог- буџет за 2016 година. Според предлогот, растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти. Вкупните расходи се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а кај вкупните приходи има  зголемување за 6 проценти.

Капиталните расходи се проектирани на се за 12,9 проценти повисоки од оние во 2015 година. На расходната страна, предвиени се пари за изборите во април, за здравствена заштита, за субвенции за земјоделците.

Расправата за Дополнетиот предлог на буџетот за следната година, според собранискиот деловник, трае пет дена.