Франција: Масовна мобилизација на безбедносните сили
Во текот на ноќта се изведени уште 128 рации на осомничени милитанти уапсени се 23 лица, запленето е 31 парче оружје, вклучувајќи и ракетен лансер...

Масовна мобилизација во Франција по терористичкиот напад во Париз. 115 илјади припадници на безбедносните сили се распоредуваат на клучни точки низ земјата. Продолжува потрагата по Салех Абдеслам, еден од напаѓачите во Батаклан и десна рака на водачот на операцијата Абделхамид Абауд кој успеал да побегне во Сирија.
Во текот на ноќта се изведени уште 128 рации на осомничени милитанти уапсени се 23 лица, запленето е 31 парче оружје, вклучувајќи и ракетен лансер.
Министерот за внатрешни Казанев извести дека во текот на летото во Франција биле спречени шест напади од тој тип, но повеќето терористи од Париз им биле непознати на службите за безбедност.
Франција се повика на досега неприменета клаузула од договорот за Европската Унија која ги обврзува земјите членки да и обезбедат „помош во рамките на нивната моќ“ и како што соопшти шефицата на европската дипломатија Могерини, сите 28 земји членки се согласиле.
