Банките со добивка од 60,3 милиони евра во трите квартали од 2015-та
Најголем дел од профитот го направиле големите банки кои инкасирале 51,7 милиони евра...

За трите квартали од 2015-та домашните банки оствариле добивка од 60,3 милиони евра, односно за повеќе од половина поголема во однос на истиот период лани.
За воља на вистината, најголем дел од профитот го направиле големите банки кои инкасирале 51,7 милиони евра. Средните ќариле 9 милиони, додека загубата на малите банки е намалена од 3,2 милиони на само 470 илјади евра.
Според анализите на Народна банка, лавовски дел од приходите на банките односно над 171 милион евра доаѓа од каматите, додека од провизииите наплатиле скоро 51 милион.
Најголем профит покажува Стопанска банка Скопје, а потоа на листата следуваат НЛБ Тутунска, Охридска и Комерцијална банка.
