Спасов со контрамерка на контроверзна одлука на Ременски
Дописот на Спасов следува откако Ременски пред два дена наложи на вработените во министерството, барањата на граѓаните да ги испраќаат на разгледување во седиштето на СДСМ кај Мила Царовска која е претседател на партиската Комисија за труд и социјала...

Заменик- министерот Диме Спасов во Министерството за труд и социјална политика до вработените испратил известување со кое ги информира дека претходниот допис до нив испратен од министерот Фросина Ременски нема никаква правна сила.
Дописот на Спасов следува откако Ременски пред два дена наложи на вработените во министерството, барањата на граѓаните да ги испраќаат на разгледување во седиштето на СДСМ кај Мила Царовска која е претседател на партиската Комисија за труд и социјала.
Во дописот испратен од Спасов тој ги информира вработените дека тоа што го наложила Ременски нема законски основ и претставува прекршување на поголем број на законски одредби.
Имате право и должност да не постапувате по него, пишува во известувањето на заменикот Диме Спасов.
Известувањето кое Ременски го испрати до вработените во труд и социјална политика според Спасов претставува груб обид за партизација на институциите и прекршување на правата и слободата на граѓаните.
