Премиерот Груевски во посета на Бардовци и Злокуќани
Легализација на куќите и земјиштето, поставување сообраќајни знаци и изградба на спортски игралишта. Ова се главните барања на жителите на Бардовци и Злокуќани кои денеска му ги кажаа лично на премиерот Груевски. Тој им вети брзи решенија на проблемите...

Проблемите со кои се соочуваат жителите на Бардовци и Злокуќани директно му ги кажаа на премиерот Груевски. На самото место се сумираа информации и се договараа решенија за истите. Легализацијата најголем проблем и во двете места.
Најмалите од Злокуќани побараа игралиште. За поголема безбедност, жителите побараа и поставување сообраќајни знаци.
Премиерот Груевски во село Бардовци посети краварска фарма на земјоделец, кој има искористено пари од ИПАРД програмата.
Владата ќе дава субвенции и за изградба на приватни градинки и старечки домови.
Во село Бардовци почна да се гради плоштадот.
Наташа Гркова- Петрушевска
