Најавени бесплатни проекти за изградби на куќи

17.11.2015 17:35

Граѓаните кои немаат доволно средства да платат архитекти ќе може да ги користат типски подготвените од Министерството за транспорт. Заштеда од 1.000 до 2.000 евра...

Владата најави бесплатни проекти за изградба на куќи. Граѓаните кои немаат доволно средства да платат архитекти ќе може да ги користат типски подготвените од Министерството за транспорт. Станува збор за заштеда од 1.000 до 2.000 евра.

На оние граѓани кои немаат средства ќе им обезбедиме типски проекти нацртани од архитекти кои бесплатно ќе им ги доделуваме доколку сакаат да градат куќа. Во изминатиот период вршевме подготовка за овој проект и Министерството за транспорт и врски веќе го завршува проектот. Очекувам во оваа или наредната недела Министерството да излезе со готови проекти. Речиси се завршени шест типски готови проекти за градба на куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадрати. Кога би ги правеле самите граѓани, проектите би ги чинеле околу 1.000 до 2.000 евра, изјави Груевски при посетата на Бардовци и Злокуќани.

Проектот, додаде тој, започнува да се реализира во наредните пет до десет дена. - Наскоро ќе го објавиме проректот за завршен и граѓаните ќе може да дојдат во Министерството и да го подигнат проектот бесплатно или да го преземат од интернет, рече премиерот.