Објавен повик за субвенции во рибарството

18.11.2015 09:49

Објавен е јавен повик за субвенции во рибарството. Средствата се одобруваат за набавка на порибителен материјал и за одгледани и продадени риби на пазарот...

Сопстевениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.

Повикот ќе трае до 11-ти декември 2015 година, а средствата се наменети за набавка на порибителен материјал од домашно производство и за произведена и продадена риба во периодот од 1-ви декември 2014 до 31-ви октомври 2015 година.

Висината на поддршката за порибителниот материјал е до 40 проценти од вредноста на набавениот подмладок или најмногу до 300.000 денари по корисник.

Субвенцијата за произведена и продадена риба изнесува 20 денари за килограм, а исплатата ќе биде скалеста.

 

Методија Трајков