Нигерија: Најмалку 32 жртви во екплозија на бомба во Јола
18.11.2015 10:11
Се уште никој не ја презел одговрноста за нападот, но според начинот на кој е изведен нападот, властите се сомневаат дека е дело на исламистичката група Боко Харам...

Најмалку 32-ца загинаа повеќе од 80 се повредени при експлозија на бомба во североисточниот нигериски град Јола. Експлозивот бил активиран на пазар во момент кога имало голема фреквенција на луѓе.
Точниот број на загинати и повредени се уште не се знае. Се уште никој не ја презел одговрноста за нападот, но според начинот на кој е изведен нападот, властите се сомневаат дека е дело на исламистичката група Боко Харам.
Претседателот Бухари кој во мај годинава ја презеде функцијата шеф на државата, вети дека радикално ќе се спротивстави на милитантите.
